Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес по повод големиот православен христијански празник Богојаление- Водици заедно со потпретседателот Александар Николоски беа помеѓу граѓаните и посетителите на Охрид како и помеѓу граѓаните на Струга.
На еден од најубавите настани во годината не само во Охрид туку и пошироко на Балканот, Претседателот на опозициската партија им посака на сите граѓани среќа и здравје за новата 2023 година како и успеси на индивидуален план.
“Денеска сум во посета на Охрид и пред сѐ сакам да го честитам овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани. И да им посакам здравје, среќа, успех, мир, она што на сите нас е потребно, но и на сите граѓани кои не го слават овој денешен ден, а се наши сограѓани во оваа наша Македонија.
Нека ни донесе пред сѐ здравје овој ден, да бидеме спокојни и мирни во душата, бидејќи тоа е најважно. Здрав човек и мирен човек може да направи сѐ.”
-рече Христијан Мицкоски во изјава за присутните медиуми.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации