По повод големиот православен христијнски празник Водици градоачалникот на општина Виница Миле Петков упати свое соопштение во јавноста чиј што текст во целост го пренесуваме:
“Славејќи го Богојавление и нашата верба во Бога, го следиме Христовото учење за мирен, спокоен и богоугоден живот, за трпение и милосрдие, за чиста и искрена мисла. Таа верба во Бога со векови била нашата најголема и најзначајна сила за соочување со сите предизвици и за победи при сите искушенија, носејќи ни успеси, напредок и просперитет.
На денешниот голем празник Богојавление – Водици, присуствував на фрлањето на светиот крст во водите на Градечка река. Најсреќен меѓу најхрабрите кои влегоа во осветените води беше 18 годишниот Илија Симеонов кој прв пат скокaше по светиот крст.
Традиционално се фрлаше светиот крст во осветените води и во сите населени места во Општина Виница. Од населените места оваа година најсреќни беа Панче Златков во с.Јакимово, Даниел Јованов во с.Истибања, Христијан Мајсторски во с.Блатец, Младен Лазаров во с.Драгобраште, Дарио Арсов во с.Трсино, Симон Димитров во с.Лески, Александар Крстовски во с.Липец, Лазе Соколов во с.Градец и Валентино Китанов во с.Пекљани.
На сите нив и на сите граѓани на Општина Виница им посакувам многу здравје, убави моменти, благосостојба и многу успеси во 2023 година.
Бог се јави! Навистина се јави!”
-соопшти градоначалникотна општина Виница Миле Петков
ДРУГИ ОБЈАВИ
После долги години, асфалт ќе добијат улици во Индустриската зона во М. Каменица до веќе изградените деловни објекти
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта