БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во општина Лозово се чествуваше празникот Водици со сите почести

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски по повод денешниот праазник Богојавление- Водици упaти порака со честитки до сите православни христијани. На среќниот фаќач на Светиот Крст им ја честиташе почеста која му припадна на денешниот настан во Лозово.

“Празнувајки го денот на Христовото крштевање, ја празнуваме светата тајна на духовното раѓање и единство со нашата вера..

Тоа е настан што не поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме Христијанското учење, за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и Милосрдието…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На овој Голем празник да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помегу луѓето, се осветли човековиот живот со желба покрстената вода да ни даде нова сила за големи дела и успеси..

Радувајки се на Христовото крштевање, осветувајки ги водите, да си посакаме подобра иднина и здравје, а објавата на божјиот лик да не зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден..

Потребно е сите заедно да работиме за подобра иднина на секој поединец, како и на нашата држава Република Македонија…

На среќните пронаоѓачи на светиот крст, како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам празникот да го поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом..

Исто така би сакал да упатам благодарност до отец Александар Стеваноски и до сите помагатели на денешниот настан и посебно да се заблагодарам на Менаџерскиот Тим и Сопственикот на Компанијата ЗЕГИН, и Ljupce Miladinovski кои по повод денешниот празник обезбедија донации за семејства на кое навистина им е потребна..

Нека ни е честит и вековит, големиот Христијански празник – Богојавление, Водици!!

Бог се јави, навистина се јави✝️

-соопшти преку социјалните мрежи градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace