Денеска по повод големиот православен христијански празник Богојавление- Водици своја честитка во јавноста упати градоначалникот на општиа Карбинци Виктор Паунов.
“Бог се јави!
Навистина се јави!
Нека е за многу години овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани.
Нека ни донесе пред сѐ здравје овој ден, мир, пород и разбирање.
Денес традиционално се фрлаше светиот крст во населените места с.Карбинци, с.Таринци и с.Долни Балван во Општина Карбинци.
Најсреќни меѓу најхрабрите кои влегоа во осветените води беа Зоран, Давид и Филип. Од срце им честитам и им посакувам многу здравје, среќа, благосостојба и многу успеси во 2023 година.
За многу години!”
-напиша на фејсбук Виктор Паунов- Градоначалник на општина Карбинци.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски