Денеска (18.07.2026) на подрачјето на Општина Карбинци и Општина Кисела Вода, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и Одделението за превенција при СВР Скопје во координација со ЈП „Национални шуми“, реализираа превентивни активности за заштита од пожари.
На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесното фрлање и палење ѓубре, палење стрништа, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм