Со нападот што Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година започнува народното востание против фашизмот и окупацијата на Македонија.
11 Октомври секоја година не’ потсетува на македонскиот непокор и дадените жртви за подобро утре на идните поколенија.
11 Октомври е продолжение на борбата за остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.
За жал, веќе подолго време тие идеали се газат, предаваат и распродаваат од една мала сервилна криминална групација што нема чувство за државност и национална припадност.
Секоја генерација има своја борба. Ние нашата ја почнавме и нема да застанеме. Одиме сплотени со народот до конечна победа и ослободување на Македонија.
Честит празник Македонијо!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ана Симонова со свој коментар за одредени аспекти во врска со брзите кредити и казината
Либерално-опозициски “ваздуси” се борат против тоа што најмногу ги боли: Општественото сочуство, милосрдие и заедништво на заедницата за нив е перверзија и предмет за исмевање
Трактат за љубовта