На 04.07.2025 околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- с. Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода М.М.(65) од с. Дулица. Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Приведен возач во близина на Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол