БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.

– Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, велат од скопското Обвинителство.

Петте лица, како што подочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени  од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.​

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace