Доколку сте љубител на здравите оброци и внимавате на вашата исхрана, тогаш овој рецепт за превкусен оброк ќе ви стане вашето омилено јадење. Убавината на овој рецепт е што премногу едноставно се приготвува и нема да ви одземе многу време , како што знаат тоа да го прават скоро сите рецепти за здрави оброци. Овој намаз можете да го користите или за појадок или вечера со додатоци по ваш вкус.
Потребни состојки:
- 3 цвекла
- 140 грама фета сирење
- 2 лажици лимонов сок
- 3 лажици рендана кора од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 1 исечкано чешне лук
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете ја тавата со мрсна хартија, а цвеклото завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го да се пече 40 минути. Извадете го и оставете го да се излади. Ставете ги сите состојки освен маслото во блендер и блендирајте со постепено додавање на маслото додека не добиете хомогена смеса.
Намазот чувајте го во фрижидер и неколку денови ќе имате готов здрав оброк.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи