Тара Шарифи на свои 11 години во 2019 година на MENSA тестот освои одлични 162 поени со што се сместила на ниво на “гениј” со бенчмарк од 140 бодови.
Резултатите од тестот биле присутни и помеѓу персоналот и студентите во Оксфорд каде ги шокирал сите. Резултатот од тестот со освоени 162 поени е за 2 поени повисок од оној на Алберт Ајнштајн, кој се сметал за татко на модерната физика.
Ваквиот резултат ја изненадил и самата Тара која не го очекувала ова ниво на бодови. Притоа за медиумите кои пројавиле интерес за нејзинито достигнување соопштила дека нејзините родители ја натерала да го направи тестот.
Резултатот, исто така, ја направил идеална да си го најде своето место во заедницата на Менса (заедница со висок IQ).
Таткото на Тара по дознавањето на резултатите од тестот соопштил за јавноста дека ова е големо изненадување за него. Тој бил горд, но шокиран од сознанието дека неговата ќерка, Тара, е посебна. Мотивот за да ја натера својата ќерка да се пријави за Менса тестот го добил од тоа како ја гледал ќерка си како таа ќе одговори на математичките прашања пред другите натпреварувачи на телевизиски емисии. Бил свесен дека е интелегентна, но не дека тоа е до оваа мерка.
Тара потоа продолжила да ја следи иновативноста во математиката и да се надоградува. Да се надеваме дека ќе добиеме нов Ајнштајн во блиска иднина. А како општество, треба да и бидат овозмоени сите потребни извори на знаења за да се поттикне за понатамошни успеси кои можат да произлезат од неа.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли