БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пробиотик – корисен или не?!

Пренеси го гласот

Пробиотиците се специјално култивирани добри бактерии кои го одржуваат здравјето и животната способност на човечкиот организам.

Општата здравствена состојба на организмот во голема мера зависи од состојбата на добрите бактерии во стомачно-цревниот систем и нивната можност да ги контролираат лошите бактерии и да го помагаат усвојувањето на хранливите материи од храната. Ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата, покажуваат позитивно влијание врз имунолошкиот систем, при кожни проблеми и алергии.Лошата исхрана, неквалитетната вода за пиење, стресот, долготрајното лечење со антибиотици, бактериските и вирусните инфекции се дел од многубројните причини поради кои доаѓа до нарушување на добрите бактерии со што се овозможува ширење на лошите (штетните цревни) бактерии. Добрите бактерии или пробиотиците се основниот дел од корисната бактериска флора. Како живи микроорганизми произведуваат биолошки активни супстанци кои дејствуваат позитивно и здраво на целиот организам, позитивно влијаат врз имунолошкиот систем, помагаат при диареја, го потиснуваат процесот на трулење на цревата и помагаат за воспоставување на цревната микроба, ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата, благопријатно влијаат при стомачни проблеми, влијаат за намалување на ризикот од остеопороза и реуматски артрит и влијаат благопријатно при кожни проблеми и алергии, го подобруваат хранливиот биланс со што ги осигуруваат неопходните аминокиселини и природни витамини.Што ако би можеле да земате пилула која би се справила со вашата депресија, констипација, дијареја, егзема, кариес и која би ви го зајакнала имунитетот?Иако за жал оваа пилула не постои, можеби пробиотиците се близу до неа. Популарноста на овие живи микроорганизми се дуплираше во текот на изминатава деценија. Денес можете да најдете пробиотици или продукти со нив во речиси секоја продавница. Па, дали навистина се од корист и дали се воопшто безбедни?

„Ако земате пробиотици најверојатно ќе ги земате секој ден, и најдобро е да ги храните здравите бактерии со пробиотици. Воглавно, здравите луѓе би имале повеќе корист од редовно вежбање, избегнување пушење и пиење многу алкохол, отколку од земањето пробиотици“, изјавил доктор Крис Ирвин, нутриционист од Австралија.

Сепак, пробиотиците можат да бидат ефективен третман за одредени состојби или нарушувања. Иако нема многу докази кои ја поддржуваат идејата дека пробиотиците можат да помогнат со егзема, алергии и проблеми со забите, изгледа дека навистина можат да им помогнат на луѓето кои не сакаат вагинална габична инфекција или инфекција на респираторниот систем. Други истражувања откриле дека пробиотиците можат да помогнат со дигестивни проблеми и можат да го подобрат одењето во тоалет.

„Разните пробиотици имаат разни ефекти, па важно е да барате суплементи што ги содржат бактериите кои најмногу одговараат на вашата состојба. Дозата на бактеријата, односно единицата за формирање колонија е важна и мора да биде доволно висока за да ги сретне предностите набљудувани на клиничките истражувања. Краткиот одговор овде е ако некој бара пробиотици, нека одбере нешто со најразновидни бактерии и највисока единица за формирање колонија“, изјавил Ирвин.

bregalnickimarketing
Ирвин исто така препорачува да се советувате со вашиот лекар или нутриционист за да одредите кои брендови би биле најдобри за вас. Сепак, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Едно истражување од септември оваа година покажало дека има многу малку надгледување на фабриките кои произведуваат пробиотици. Само во САД, 50% од овие фабрики прекршувале некакво правило. Истражувањето покажало и дека пробиотиците можат да предизвикаат инфекции кај луѓе со послаб имунитет.„Мала е веројатноста дека пробиотиците се опасни, но не мислам ни дека се волшебни“, изјавил Ирвин.„Здравите луѓе имаат корист од здрава исхрана богата со зеленчук, овошје и плодови од цели зрна. Од друга страна, ако некој има слаба исхрана и не вежба доволно, неговите дигестивни бактерии можеби би имале корист од пробиотици, но веројатно ќе треба постојано да ги зема за да има трајни ефекти.“- додава тој.

Креирано од:


Пренеси го гласот