БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Суперхикс вчера го промовираа својот нов албум “Сила и нервоза”

Пренеси го гласот

Македонскиот ска-рок состав Суперхикс во дворот на МКЦ во Скопје на најубав можен начин го промовираа својот нов девети студиски музички албум кој го носи името “Сила и нервоза”.

Во опуштена акустична варијанта беа отсвирени песни од новото издание на бендот кој што оваа година слави 30 годишен јубилеј од постоењето.

Сиперхикс се заблагодарија на своите верни фанови кои што во долгогодишната нивна музичка кариера ги следат со страст и емоции сите нивни изданија, концерти и настани.

💪🏼Дел од атмосферата од вчерашната промоција на новиот нов албум “Сила и Нервоза”.

❤️Голема благодарност до Општина Кисела Вода, СКОПСКО, без вас ништо од ова немаше да биде реализирано.

🤗Фала на сите наши пријатели, верни фанови и поддржувачи што секогаш се тука со нас и не бодрат кога ни е најпотребно.

Дечки и девојки сила сме💪🏼

💿 Нова “тура” на цедиња ќе има наскоро, ќе Ве известиме како и каде ќе можете да ги набавите.

До тогаш слушнете нѐ на 👇🎧

🔗Spotify: https://open.spotify.com/album/6YsvfHJyfBhRqtd2CnBLi8…

bregalnickimarketing

И тоа на repeat 🔂

🙏Неизмерна благодарност до 📸Zdenko Petrovski за фотографиите❤️

П.С Но тоа не е сѐ :))))

❗️Се гледаме на 29.06 на нашиот голем коцерт по повод 30ката. Голема бројка заслужува голем настан. Детали 🔜

-напишаа Суперхикс на социјалните мрежи во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот