Влез на голема врата на онлајн коцкањето турка власта на СДСМ и ДУИ во Македонскиот парламент. Спакувано под обланда дека растојанието на коцкарниците треба да бидат одалечени повеќе од 500 метри од училиштата парламентарното мнозинство со злоупотреба на европско знаменце ќе овозможи коцкањето да биде достапно на секој паметен телевон во рацете на секој граѓанин, вклучително и деца. Евентуалното донесување на овој закон ќе значи буквален легален грабеж на граѓаните кои се затекнати од целокупната сиромаштија а хазаредството на коцкањето ќе биде секојдневно искушение достапно во секој дом повеќекратно.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставуваат на оваа намера на ДУИ и СДСМ. Еден од пратениците кои со моќта на аргументите жестоко се бори против донесувањето на овој штетен закон е пратеникот Миле Лефков од Кочани
– “Ако ја погледнете Директивата на која што се повикувате Директивата 2014/478 или препораките во самиот член 5 пишува „во отсуство на усогласување на ниво на Унија, земјите-членки во принцип се слободни да ги постават целите на нивната политика на игрите на среќа и да го дефинираат нивото на заштита. И додека од ДУИ ви го рекламираат со 500 метри оддалеченост од секое училиште, ве потсетувам дека со трите нови компании коцкањето ќе стане достапно на секој паметен телефон и секој уред кој е поврзан со интернет. А кога зборуваме за оние 500 метри кои што помпезно ги најавувате како оддалечување на објектите за организирање на игрите на среќа во членот 10 „деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа на обложувалници, електронски игри на среќа, се отвораат на оддалеченост од 500 метри од основните и средните училишта“. Навидум изгледа дека навистина е така, меѓутоа ставот 3 од истиот член – оддалеченоста на ставот 2 од истиот член претставува најкраткиот безбеден пат од основните и средните училишта до влезот на просторијата во која се уредуваат игрите на среќа кој се утврдува со геодетски елаборати за посебни намени изготвен од страна на поединец трговец, трговско друштво за геодетски работи. Што значи ова? Ова значи дека веднаш спроти училиштето можете да имате огромно казино или кладилница ако помеѓу таа кладилница и училиштето ви поминува булевар”
– рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во рамки на собраниската расправа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје