БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжува реализацијата на проектот „Ракотворница“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Синоќа, во Етнокуќата во Кочани се одржа првата од новата серија работилници за изработка на ракотворби што ја реализира Здружението „Синтезис“ од Кочани, со поддршка од Општина Кочани.

Во работилницата се вклучија и заинтересирани членови од Училишниот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, кои со помош на обучувачки започнаа со изработка на производи на вертикален разбој, користејќи тексас од стари фармерки.

Целта на „Ракотворница“ е да ги поттикнува вештините за ракотворење и да даде придонес во циркуларната економија, односно, во овој случај, текстилниот отпад да стане суровина за нови производи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изработените производи ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Проектот е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година, како и од Стратешката рамка за економско јакнење на жените, 2026 – 2030.

Креирано од:


Пренеси го гласот