БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжува успешната реализација на предизборните ветувања за граѓаните на Виница

Пренеси го гласот

Посветената и интензивна работа на градоначалникот на општина Виница и неговиот тим во општината, продолжува да дава резултати.

По поднесеното барање за прибирање на предлог проекти за развој на руралните населени места во Бирото за регионален Развој, во периодот што следува ќе се реализира регулација на Кајанечки дол во селото Истибања како неопходен проект за жителите на ова село.

Техничката документација изработена од тимот на градоначалникот Миле Петков успешно ги помина сите филтри на евалуација со што се обезбедени 900.000 денари пари од Владата како дел од програмата за рамномерен регионален развој за 2022-2023 година.

“Предизборните ветувања ги реализираме!

Техничка документација за изградба на отворен канал за регулирање на Кајанечки дол во с.Истибања е проектот со кој аплициравме на Јавниот повик за прибирање на предлог проекти за развој на селата на Бирото за регионален развој. Истиот ги помина сите фази на селекција на Комисијата за оцена на проекти и е одобрен на седница на Владата на Република Македонија како дел од Програмата зa рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година.

Вкупната вредност на овој проект е 900.000 денари, кофинансирање на Бирото за регионален развој и Општина Виница.”

-ја информираше јавноста градоначалникот на општина Виница Миле Петков во врска со овој проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот