Министерот за култура Зоран Љутков во јавноста објави едно особено важно откритие на археолошкиот локалитет Тумба Маџари.
Станува збор за ископана фигурина на сад-жртвеник во форма на Божицата Големата Мајка кој што датира од пред 8000 години.
“
Фигурина „Големата Мајка“ пронајдена на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“
Ја имам можноста, да ја споделам со македонската јавност мојата голема возбуда од новото откритие на неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“,– фигурина „Големата Мајка“.
Новопронајдената фигурина, заедно со уште едeн сад, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија со својата уникатна ликовна интерпретација и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура.
Од голема важност е што новите наоди ни укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат, а тоа значи дека истражувањата продолжуваат.
Наша обврска и задоволство е да дадеме засилена поддршка на партнерскиот однос во грижата за локалитетот што речеси две децении заеднички ја негуваат Археолошкиот музеј и Општина Гази Баба, како успешен пример на соработка меѓу националните институции и локалната самоуправа.
Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и „Тумба Маџари“, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам.”
-стои во објавата на министерот Љутков на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!
Си замина македонскиот мајстор на карикатурата: Јордан Поп Илиев (1940-2025)