НЕ БЕ НЕ – тие не биле организирани, туку само онака истите плакати (напишани од ист ракопис) се појавија и во Скопје и во Охрид.
ПРОТИВ ШТО СЕ ПРОТЕСТИРА?!?!?
“Дали против канонската практика на Црквата според која изборот на митрополит е во надлежност на Синодот, а не на народна волја изразена преку статуси на Фејсбук?
Изборот на архиереј е строго црковна и духовна процедура, како и дека светиот Синод е телото што носи одлуки врз основа на долгогодишен духовен увид, посветеност и проценка на пастирските и монашките доблести на кандидатот.
Секој верник што навистина ја сака МПЦ-ОА треба да биде свесен дека протест против Синодот е протест против самиот духовен авторитет на Црквата. А тоа води во анархија, не во реформа.
Затоа, наместо под прозорците на Резиденцијата на г.г. Стефан, револтот нека се исповеда во тишина пред иконата. Зашто митрополит не се бира со врева, туку со благодат и со послушание – велат високи извори од црквата.”
Ако ова не е вршење притисок и негирање и условување на канонските принципи на МПЦ-ОА, тогаш што е?
Стадото на Партениј заедно со стадото на Вранишковски –
НАДВОР ОД МАКЕДОНСКИТЕ ХРАМОВИ!
Поддршка за МПЦ-ОА и Г.Г. Стефан!
Извор: КРВОПИС – KRVOPIS

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово