БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Советот за рамномерен регионален развој

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 42-та седница на Советот за рамномерен регионален развој, која се одржа во Владата на Република Северна Македонија.

На седницата беа разгледани и дискутирани важни одлуки поврзани со распределбата на финансиски средства за развојни проекти за 2026 година, вклучувајќи:

* развој на планинските региони,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

* развој на руралните средини,

* развој на урбаните подрачја,

* како и поддршка на подрачјата со специфични развојни потреби.

Исто така, на дневен ред беше и разгледувањето на годишниот извештај за спроведувањето на планските документи за регионален развој, како и оценката на напредокот во имплементацијата на Стратегијата за регионален развој 2021–2031.

Министерот Сали истакна дека рамномерниот регионален развој е клучен елемент за економскиот и социјалниот напредок на државата, како и за приближување кон европските стандарди.

„Политиките за рамномерен регионален развој се од суштинско значење за зголемување на кохезијата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на европската интеграција,“ истакна Сали.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace