БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

dm и „Матрона“ организираат бесплатен едукативен и интерактивен настан за идни родители во Битола

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, наменета за идни родители и за сите заинтересирани. Настанот ќе се одржи на 20 мај, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во хотелот „Милениум Палас“ на Широк Сокак 4б во Битола. Местата се ограничени, а сите заинтересирани можат да се пријават на е-mail адресата info@matrona.org.mk

Предавањето ќе го одржат прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и дипломираната акушерка Гордана Палашовска, кои преку оваа едукативна интерактивна средба ќе споделат стручни насоки и практични совети поврзани со периодот на бременост, подготовката за породување и првите денови од грижата за новороденчето. Учесниците ќе имаат можност да добијат корисни информации за најважните аспекти на пренаталната едукација, потребите на мајката и бебето по породувањето, како и за грижата, адаптацијата и поддршката во најраниот период од родителството.

Темата е особено значајна за идните родители, бидејќи навремената едукација и пристапот до проверени информации можат да придонесат за поголема сигурност, подобра подготовка и полесно справување со промените што ги носи доаѓањето на новиот член во семејството. Оваа едукативна средба е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките и идните родители. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 онлајн обуки, караванот продолжува да создава простор за размена на знаења, искуства и корисни информации, како и средина во која родителите се чувствуваат разбрани и поддржани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Годинешното издание на „Караванот на мајчинство“ започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март, како и со обуката „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, одржана на 22 април. Со новиот настан во Битола, иницијативата излегува од онлајн форматот и овозможува директна едукативна средба со стручни лица, посветена на теми што се важни за секојдневието на современите семејства.

Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на мајките, идните родители и семејствата пристап до релевантни информации, проверени стручни лица и практична поддршка во различни фази од родителството.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace