БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со поклон пред Споменикот на паднатите борци во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со претставник на Коалициониот партнер од Социјалистичката партија на Македонија денеска по повод 75 годишнината од падот на фашизмот во Европа положија свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОВ И ПОМ во Делчево.

Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево составена од Претседателката на Унијата на жени -на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Христина Смилевска, Претседателот Горанчо Тодоровиски, Драган Ковачки, Секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Дарко Гоцевски, Потпретседателот Дејан Јовановски, Сашко Поповски како и Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Кристи Стојковски и претставникот на коалициониот партнер од Социјалистичката партија на Македонија Ванчо Велиновски денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред Споменикот на паднатите борци од Народно-Ослободителната Војна 1941-1945 година во центарот на Делчево.

Нека им е вечна слава на хероите кои загинаа, за денес ние да живееме слободно и да ја продолжиме нивната борба за подобар живот на нашиот Македонски народ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напишаа од опозициската партија во Делчево во оваа пригода.

Креирано од:


Пренеси го гласот