Македонската заедница која живее и работи на Малта е една од најреспектираните и најтрудољубовите заедници во оваа земја на ЕУ.
Посветеноста на Македонците во Малта на прашањата поврзани со остварување на основните демократски човекови и граѓански права на Македонците ширум светот како и во Република Македонија е на особено високо ниво, за што сведочи и нивниот речиси секојдневен ангажман за дневно политички актуелности кои ги засегаат директно како Македонци кои живеат и работат надвор од Македонија.
Во продолжение пренесуваме нивно соопштение во врска со актуелностите поврзани со остварување на нивното демократско право на избор да бираат и бидат бирани, како репрезенти на својот Македонски народ во Парламентот на Република Македонија:
“Се плаши ли СДСМ од Македонската заедница во Малта и воопшто од моќта на дијаспората?
На вчерашното тв гостување на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Igor Janushev обелодени дека постигнале договор со СДСМ за можноста да се гласа и на места каде има Македонци, но нема ДКП на што СДСМ подоцна се предомислиле и го отфрлиле овој предлог.
Зачудува ваквиот игнорантски однос на владеачката партија, ако се земе во предвид дека ЈАВНО особено министерот задолжен за дијаспора Edmond Ademi се залаагаат за продлабочување на соработката на Македонските иселеници со Македонија.
Ние, како заедница веќе подолг период бараме да ни се обезбедат услови за да видеме активно вклучени во гласање. Иако премиерот Zoran Zaev при неговата посета во Малта пред две години ВЕТИ дека во скоро време ќе се отвори амбасада, па со тоа ќе имаме и услови за гласање во Малта, до ден денес тоа не се случи. Дали овие лажни претставувања на двоецот Заев-Адеми имаат за цел само разнебитување на Македонскоти иселеништво, притоа глумејки лажна посветеност за истата? Зошто сеуште не е исполнето ова ветување на Заев за отварање на амбасада во Малта, ако се знае дека бројката на Македонци кои живеат и работат овде се движи некаде околу 5000-6000 илјади наши граѓани? Дали Македонската заедница во Малта е жртва на политичките калкулации на овие двајца несреќници кои единствена цел не им се Македонските граѓани во иселеништво туку само ним добро познатите тендер бизниси и останување на власт?
Јавно го повикуваме целокупното Македонско иселеништво да застане зад идејата да се овозможи гласање и онаму каде што нема ДКП.
Почитуван премиере и министер задолжен за дијаспора, дозволете целосно гласање во дијаспората само така ќе може да докажете дека навистина дијаспората стои позади вас и навистина сте направиле нешто за неа. Се останато ќе го сметаме како јасно изразен страв од Македонците кои живееат во иселеништво!
Со почит
Македонска заедница во Малта 🇲🇰🇲🇹🇪🇺 “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце