БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реализирани проекти за граѓаните на Карбинци од страна на градоначалникот Виктор Паунов

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во своја објава на социјалните мрежи ги наведе досега реализираните проекти од страна на општината откако тој го превзеде менаџиирањето на општинската администрација.

“За помалку од 2 години во нашата општина, со многу труд и посветена работа ги реализиравме проектите:

✅ Го уредивме влезот на селото Таринци со нови паркинг места и еден модерен урбан лик.

✅ Изградивме парк од 2000м2 покрај регионалниот пат Таринци – Плачковица.

✅ Го завршивме уредувањето на речното корито на Козјачка река во Карбинци и веднаш започнавме со следна фаза за уште 135м долж течението на реката со што обезбедуваме сигурност и заштита на населението од поплави и го разубавуваме урбаниот лик на Карбинци.

✅ Реконструкција на мостот кај село Долни Балван на река Брегалница кој поради неводење грижа во минатото се случи да биде оштетен.

✅ Изградивме ново спортско игралиште во с.Крупиште.

✅ Го реконструиравме уништеното игралиште во с.Карбинци.

✅Изградивме повеќенаменска асфалтна површина од 500м2 во село с.Кучица.

✅️Го реконструиравме повеќенаменското игралиште во с.Долни Балван кое доби современа тартан подлога, за прв пат во нашата општина.

✅️Целосно го реконструиравме, оградивме, дополнивме со нови реквизити и нова модерна тартан подлога детското игралиште во с.Карбинци.

✅️Го реконструиравме и обновивме со нови детски реквизити и нова модерна тартан подлога детското игралиште во с.Таринци.

✅ Поставивме нова урбана опрема за дечињата во детската градинка ,,Кокичиња”.

✅ Го решаваме водоснабдувањето во 8 населени места со изградбата на 18км цефководи со што ќе бидеме поврзани со ХС Злетовица и проблемите со вода за пиење во селата Радање, Таринци, Црвулево, Аргулица, Карбинци, Д.Балван, Козјак и инд. зона ќе бидат минато.

✅ Го отстранивме објектот кој беше во распаѓање, старата спорстка сала во Долни Балван каде во следниов период ќе направиме и реконструкција на кровот и остантиот дел од зградата.

✅ Изградивме и асфалтиравме повеќе од 10 километри улици и патишта во селата Д.Балван, Таринци, Карбинци, Радање, Аргулица, Козјак, Кучица, индустриска зона – Таринци.

✅️Трајно ги исчистивме дивите депонии на 6 локации во општината и решивме голем катастрофален проблем со кој се соочуваа нашите граѓани.

✅️Интезивно се работи на реконструкција на основното училиште “Страшо Пинџур”во с.Таринци.

✅️Започнавме со реконструкција на локалниот пат село Таринци село Долни Балван во должина од 1.6км. со изградба на велосипедско пешачка патека. Ова е еден од најголемите капитални проекти во делот на патната инфраструктура во општина Карбинци до сега.

✅️Воведовме нова автобуска линија Општина Штип – Општина Карбинци со завршна станица во с.Радање, ја подобруваме поврзаноста на двете општини, а жителите ќе имаат редовен превоз.

✅️Се работи интензивно на проектот за осветлување, оградување и мапирање на локалитетот ,,Баргала” во општина Карбинци.
Наскоро ,,Баргала” ќе биде на туристичката мапа на Карбинци со нови соддржини!

✅️Со одлична динамика се одвива изградбата на резервоарот за вода во с.Таринци.
Резервоарот е со капацитет од 200м3 и ќе ги опслужува селата Таринци, Долни Балван и Нов Караорман.

✅️Наскоро започнуваме со доградба на детската градинка “Кокичиња” во с.Таринци со капацитет за уште 50 дечиња, со зголемувањето на просторот ќе добиеме нови занимални со дополнителни содржини, а чекањето за упис на дечиња ќе стане минато.

Ние не застануваме тука, продолжуваме уште помотивирано за нашата општина Карбинци да ја направиме подобро место за живеење, продолжуваме со реализирање на проекти кои се од суштинско значење за населението! Промените во нашата општина се чувствуваат и се наш мотив да продолжиме уште поенергично, да покажеме дека умееме и можеме да работиме во корист на граѓаните.
Нека зборуваат делата!”

-напиша на фејсбук градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот