Владата денеска позајми 100 милиони евра за потребите на државната компанија ЕСМ. Денеска на јавен настан министерт за финансии Фатмир Бесими од име на владата го потпиша Договорот за гаранција за користење на овие сретства од страна на ЕСМ со кој се гарантира отплатата од буџетот на владата на позајмените пари. Овие пари се земаат од Европската Банка за обнова и развој -ЕБОР за поддршка на стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија на домаќинствата и компаниите преку државната компанија ЕСМ.
Средствата се обезбедени по поволни услови, односно рок на отплата од 5 години, грејс период од 6 месеци и варијабилна каматна стапка од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. Корисник на средствата ќе биде АД ЕСМ – Скопје и сите обврски по заемот ќе ги сервисира компанијата, додека државата издава само гаранција.
За ваквата состојба со која актуелната владеачка гарнитура на СДСМ и ДУИ која очигледно не може да обезбеди ликвидно функционирање за основните потреби за граѓаните, во одговор на новинарско прашање реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
“Пукнаа сите балони со лаги за одличната работа на ЕСМ. Самиот факт што ЕСМ има потреба од ликвидност, говори дека 7 години СДС води погрешни политики.
Дали и овие 100 милиони треба да завршат во нечии џебови преку тендери за разни набавки, а граѓаните се тие кои треба да го враќаат тој заем, со камати? До кога ЕСМ ќе служи за богатење на поединци од власта, наместо за производство на струја,”
-праша портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ МАрија Митева.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани