БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сања Лукаревска снимала политички спот во простории што ги користат деца без дозвола во близина на изборно место, надлежните да постапат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев ја алармира јавноста за нарушување на изборниот процес од страна кандидатклата за пратеник на СДСМ и коалицијата Сања Лукаревска. Станува збор за незаконско користење на јавен простор кој што секојдневно го користат деца за потреби на културата но и простор кој што е во близина на избирачко место каде што се реализира изборниот процес.

“Вчера го видов спотот кој што е снимен на кандидатката за пратеник Сања Лукаревска. Спотот е сниман во просториите на Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” во Свети Николе во просториите на аматерското друштво “Сцена 71″ од Свети Николе. Какко влегле таму и јас не знам.”

-рече во изјава за регионалната ТВ Стар градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот Владев информираше дека институцијата нема дадено одобрение за користење на просториите на самата локалната институција а тоа е индикативно што овој простор се наоѓа во близина на избирачко место на кое што стои доверливиот избирачки материјал во рамки на актуелниот изборен процес.

“… најинтересно е што Избирачкото место 1672 се наоѓа на приземјето во Домот на културата, а просториите каде што е сниман овој политички спот се наоѓаат на втори спрат. Значи 10-20, 30 метра нека се, значи се кршат правилата за одвивање на регуларни изнбори”

-алармираше градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, кој нагласи дека општината им излегува во пресрет на сите субјекти кои што сакаат да го користат јавниот простор, но согласно соодветна процедура, а не на ваков начин.

Целата изјава на градоначалникот Дејан владев може да ја погледнете во продолжение во видеото на ТВ Стар пренесено преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace