Се уште чека разврска случајот кој од темел го потресе работењето на Полициската Станица во Делчево, за кој што информира Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Станува збор за случај во кој се инволвирани повеќе полициски службеници за нарушување на работата на полицијата во делчевското МВР, со што сериозно е нарушена довербата на граѓаните кон оваа полициска институција која треба да се грижи за спроведување на законите, наместо истите да ги крши.
“Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави предлог за утврдување на дисциплинска одговорност за четири лица – полициски службеници од ПС за ОН Делчево при СВР Штип.
Имено, одделот постапуваше по доставена анонимна пријава за случена сообраќајна незгода во која како учесник се јавува малолетно лице, притоа учесникот во сообраќајната незгода и неговата мајка – поранешен заменик командир на ПС за ОН Делчево дале изјава дека повредата настанала при поместување на мотор, а не при случена сообраќајна незгода.
Од страна на полициските службеници од ПС за ОН Делчево при постапување за сообраќајната незгода направени се повеќе пропусти и притоа тие постапиле спротивно на Колективниот договор на МВР. Дежурниот полицаец Д.М. при примањето на пријавата од страна на доктор, не изготвил службена белешка за примена пријава и настанот не го евидентирал во Книгата за евиденции.
Полициските службеници И.Д и В.Г. по пријавениот настан за сообраќајната незгода не извршиле разговор со докторот за видот на повредите и не го документирал настанот со цел поднесување соодветен поднесок против учесникот во сообраќајната незгода. Додека, полицискиот службеник Л.А. издала наредба за полициските службеници, настанот да не се заведува во службената евиденција, бидејќи согласно нејзино наоѓање, не станувало збор за сообраќајна незгода.”
информираше Панче Тошковски- Министер за Внатрешни Работи преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ во Кочани
Активности од кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Кочани
Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, лишено од слобода едно лице, следува пријава