БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Над 1200 делчевчани сношти во центарот на Делчево гласно кажаа во каква општина и во каква држава сакаат да живеат

Пренеси го гласот

И покрај врнежливото време, сношти партерот пред Спомен Домот АСНОМ во Делчево беше претесен да ги собере граѓаните на Делчево кои дојдоа да дадат поддршка за бр 2 и за претседателскиот кандидат поддржан од коалицијата “Твоја Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова” како и идниот Премиер на Република Македонија Проф. Христијан Мицкоски.

Подолго време наназад на плоштадот во Делчево не беше забележан вака масовен митинг во предизборна кампања со толку голема решеност и издржливост на граѓаните да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ како и на професорката Силјановска Давкова од една страна но и да се спротивстават јасно и гласно на антинародните политики на СДСМ и ДУИ.

Додека на митингот на Стево Пендаровски кој што се одржа на тесниот простор пред скалите на Спомен Домот АСНОМ граѓани беа носени од цела Македонија за да покажат СДСМ некаква масовност, на вчерашниот митинг кој започна во 20.30 минути на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата по слободна проценка присуствуваа над 1200 луѓе што е импресивна бројка имајки предвид дека во текот на митингот цело време врнеше а луѓето упорно стоеја, повеќето и без чадори, велејки дека тоа е најмалку што можат да го направат за да допринесат за подобар живот и враќање на гордоста на народот. Импресивна бројка на поддржувачи на Демократскиот Сојуз на Ромите исто така беа присутни на партерот пред сцената што е исто така видна промена на расположението на оваа група на граѓани во Делчево во однос на штетните политики на СДСМ во Длечево.

Говорот на претседателот на ДСР г-дин Шабан Салиу беше поздравуван со овации од присутните Роми но и сите други присутни граѓани на Делчево.

Во својот импресивен говор носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица г-дин Драган Ковачки со еуфорија ги најави проектите кои што ќе го придвижат Делчево повеќе децении напред во својот развој, што се наоѓаат во програмата “Платформа 1198”. Граѓаните на неговото родно Делчево со еуфорија возвратија на секој еден проект кој е планиран за реализација после 8 мај.

ВМРО-ДПМНЕ како партија во минатото кога била власт во Делчево и државата имала свои позитивни но и негативни особености, но она по што е ВМРО-ДПМНЕ познато е доследната реализација на ветените проекти, што не е случај за СДСМ.

–” Ветуваме реализација на економски раст од 5 проценти, отворање на нови 55.000 работни места, отвораме фронт против корупцијата – проверка на имотот на судии и јавни обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестициски бум во општините и тоа без разлика дали со нив управува градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ или СДС. Реорганизација на министерствата и институциите и намалување на бројот на функционери. Ќе го зголемиме надоместокот за социјална помош. Платформата 1198 се обврзува на линеарно покачување на пензиите за 5000 денари. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, поевтини сметки за струја преку укинување на измислената тарифа за пристап до мрежа, како и 800 милиони евра за македонските земјоделци, загарантиран откуп и цена на земјоделските производи,”

-најави Драган Ковачки во неговиот осврт во делот на генералните проекти кои се однесуваат за сите граѓани на Македонија.

Но како роден Делчевец Ковачки со посебен сензибилитет зборуваше за проектите кои се однесуваат за подобрување на животот на неговите сограѓани во Делчево. .

Ковачки ја најави реализацијата на најважниот проект за делчевчани а тоа е изградба на експресен пат од Кочани до Делчево, преку Калиманско Поле со кој ќе се скрати патувањето на релација Делчево-Штип-Скопје за околу 12 километри, и драстично ќе се подобрат безбедносните услови за патување на граѓаните.

Во изминатите 4 години Драган Ковачки како пратеник во Македонското Собрание секоја година при носење на Буџетот на Владата на СДСМ и ДУИ бараше од парламентарното мнозинство да се обезбедат пари за реализација на овој проект или барем за почеток, но пратениците од мнозинството на СДСМ, ДУИ, ДОМ, Либерална Партија итн ваквите предлози безмилосно ги одбиваше..

bregalnickimarketing

Покрај овој би се рекло 100 годишен проект од суштинска потреба на Делчевчани Драган Ковачки ја најави целосната реконструкција на патиштата до  Пехчево, Берово и Македонска Каменица.

На ваков начин Ковачки го најави поврзувањето на Делчево со модерни сообраќајници со остатокот на државата, што покрај економскиот развој ќе значи и идентитетски развој на Македонија која ќе започне посилно да се интегрира во рамки на сопствените граници-процес што во минатото на душманите на МАкедонија не им одговараше и работеа истиот да не се случи.

– “Се обврзуваме на изградба на пречистителна станица за отпадни води на град Делчево, изградба на мини пречистителна станица за отпадни води во село Град, село Стемер, село Врче, село Тработивиште. Реконструкција на главни потисни цевководи за вода за пиење во град Делчево, како и изградба на нови главни потисни цевководи за вода за пиење за селата Габрово, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор. Изградба на нов мост на реката Брегалница. Платформа 1198 се обврзува на доизградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура во ТИРЗ Делчево. Покрај можноста за производство на електрична енергија во Централниот исток ќе се разгледа можноста за снабдување со топлинска енергија во Делчево и Македонска Каменица ,”

-најави Ковачки- носителот на кандидатската листа под реден бр. 2 на парламентарните избори кои ќе се случат на 8 мај.

Драган Ковачки на почетокот на својот говор зборуваше и за потребата од гласањето за Професорката Гордана Силјановска Давкова на првиот и вториот круг од Претседателските избори, како основен предуслов за силната борба која претстои за одбрана на Македонскиот национален идентитет и враќање на гордоста на МАкедонските граѓани како рамноправни граѓани на Европа..

Ковачки ги повика граѓаните да дадат поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и на 8 мај, како и за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да се  врати достоинството во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот