БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сакам добра музика: Чиста околина-“Врие Македонец”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Корупцијата во државата ни наша мила никогаш не била на повисоко ниво. И токму поради тоа еден од резултатите на целата општествена стварност е надразнет народ, кој е зовриен до точка каде што веќе не се толерираат сите овие аномалии во кои “се вариме” заедно.

Токму ова е еден од лајт мотивите на песната “Врие Македонец” на Македонскиот хард-рок-хип-хоп состав ЧИСТА ОКОЛИНА.

Затемнетата сцена на која што овој секогаш авангарден бенд ја пренесува својата порака во видео спотот за песната пуштен “во етер” неодамна ја доловува темната страна на Македонската музичка сцена но и уште пошироко, зошто креативноста без разлика на темнината што ја опкружува секогаш ќе најде зрак светлина за да допре до сетилата на оние кои имаат потреба да ја доживеат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лириката на песната е остра и сече како со хируршки нож прецизно и длабоко, за оние кои сакаат да слушнат, а такви се многу.

Колективитетот на создавањето на музиката на Чиста Околина е незаманлив спој кој што го прави овој состав специфичен над сите други на Македонската и балканската хип-хоп сцена.

Песната “Врие Македонец” е дел од најновиот музички албум на бендот насловен Avant-garde Fatiguée издаден минатата година. Најавен е настап на бендот на претстојниот Д- фестивал во Дојран од 1 до 3 јули каде публиката ќе може во живо да го преслуша ова нивно најново музичко чедо.

Македонската публика особено дечките од помладите генерации е жедна за вакви квалитетни музички дела пренесени на енергичен и непоколеблив начин директно очи- во очи со публиката, па оттука посакуваме Чиста околина да ги видиме на некоја од клубските сцени во Брегалничкиот регион многу наскоро.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace