Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Сашко Ивановски денеска во своето обраќање до јавноста од централниот штаб на партијата го потсети Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на заборавените проекти од неговата предизборна програма од 2017 година со која ветуваше “живот за делчевчани.”
“Предизвикот пред нас за мене носи визија дека ќе има живот во нашето родно Делчево”.
Со оваа реченица Горан Трајковски го започна серијалот со лаги и пред граѓаните на Делчево вети:
-Изградба на фабрика за вода, изградба на покриен градски пазар, изградба на улици во населбата Ѕвегорска река, реконструкција на мостот на улица “Индустриска”, Доизградба и доуредување на кејот на река Брегалница од Хотел Македонија до мостот на улица Индустриска и од црквата “Св. Кирил и Методиј” до градскиот стадион, Изградба на патот Делчево-Црна Скала, Ново противпожарно возило, реконструкција на прифатилиштето за бездомници, Студија и проект за водоснабдување на Туристичкиот центар Голак, Спортско игралиште во 1-ви реон, Спортско игралиште и детски парк во 2-ри реон, Смена на водоводната мрежа на улица Ванчо Прќе, Детско игралиште на местото викано Чуката во 3-ти реон, Изградба на десен крак на улица Разловечка, Реконструкција, проширување и оградување на мостот пред градските гробишта, реконструкција на улиците Орце Николов и Скопска во Ново Делчево, Парк и детско игралиште, пешачки и пристапн и патеки во Милково Брдо, Детското игралиште во село Ѕвегор, село Град, село Вирче, село Тработивиште, Фекална канализација во село Стамер, регулација на Виречка река, Пат до Светите води во Тработивиште, реконструкција на Спомен домот патот на влезот во селото, отварање на кујна за стари лица и реконструкција на училишната зграда во село Разловци,Реконструкција на чешмите за повка вода и санирање на каптажата во Стар Истевник, Реконструкција на селскиот водовод во село Бигла.
Процентот на реализација на капиталните и клучните проекти од 16 ветени, 6 реализирани, 10 нереализирани. Или 37,5% реализирани а 62,5% нереализирани. Процент на реализирани месни проекти: Од 95 ветени. 28 реализирани, 67 нереализирани или 29, 4% реализирани а 70,6% нереализирани.
ЛАГИ, ЛАГИ и САМО ЛАГИ!
-рече Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Сашко Ивановски пред делчевската и Македонска јавност.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево