„СДС Оил“ отвара бензинска пумпа на Магистралниот пат Велес-Штип кај Лозово
Компанијата „ИЗНАЈДЕН ИНВЕСТИТОР“ која е овластен дистрибутер на премиум горивата на Северџанската компанија „СДС Оил“ најавува дека ова ќе биде само почеток во реализацијата на долгорочниот план за отварање на повеќе бензиски станици ширум земјата. Идејата за донесување на горивата на „ИЗНАЈДЕН ИНВЕСТИТОР“ на Северџанскиот пазар беше најавена пред речиси две години или поточно на 12.02.2017 година во 02:41мин по полноќ, за конечно да биде отворена и првата бензиска пумпа на веќе утврдената локација: Магистрален пат Велес-Штип на влезот во Лозово. – Со гордост можеме да соопштиме дека македонските возачи ќе можат да ги користат врвните горива на „СДС Оил“ на повеќе локации низ земјата. Премиум EXPENSIVE GASOLINE-безоловното и GREEN OIL-дизел горивата, создадени по уникатна формула за профит, конечно ке бидат достапни за граѓаните на Општина Лозово и сите кои се движат по магистралниот пат Велес-Штип.
СДС Оил е компанија со три децениска традиција на нашиот пазар чија главна цел е создавање поголем профит од своите потрошувачи и општеството преку активно продавање на се што може да се продаде на пазарот. Основана е на 20 април 1991 година во Скопје, а нејзината доминантна дејност е трговија на големо со национални интереси, како и на друга трговска стока. „СДС Оил“ е Северџански бренд со долгогодишна традиција и искуство во производство и дистрибуција на: Неотстварени ветувања, Лубриканти, Ветер и Магла.
Производите на „СДС Оил“ се актуелни на пазарот во сите соседни земји и како бренд воедно претставува единствениот трговец со ваков тип на производи кој несомнено е потврден не само на регионално, туку и на глобално ниво. Затоа, ни претставува огромна чест и задоволство да ве поканиме на 12.02.2019 година во 02:41мин по полноќ на веќе утврдената локација да пресечеме лента и да прославиме сите заедно по повод отварањето на новата бензиска пумпа..Како главен говорник на овој несекојдневен настан ке биде добро познатата Мира ДИЗЕЛ, додека во делот на културно уметничката програма ке настапи една од најпопуларните групи во светот „Rammstein“ кои ке ја отворат вечерта со песната „Вenzin“ ..
П.С. Нашите планови како што најавивме уште пред речиси две години не застануваат тука – изјави генералниот менаџер на „СДСш Оил“. #ЗборотЕзбор
Важно:Само да напоменеме дека сите ликови, компании, настани и датуми се измислени и секоја сличност со одредени субјекти е случајна…Освен НЕРЕАЛИЗИРАНОТО ВЕТУВАЊЕ на Велковски за изградба на Бензинска пумпа!!”
-интегрален текст на соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово.