БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево го исчистија снегот до фотелјата на градоначалникот Горан Трајковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По снежните врнежи кои што денеска го покрија Делчево со бела снежна покривка, доцна попладнево повеќе млади делчевчани спроведоа акција за чистење на патеката за влез во службените простории на општина Делчево и до канцеларијата на Градоначалникот Горан Трајковски.

Активисти на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево кои што ја организираа оваа акција наспроти заспаноста на општинските служби за чистење на улиците низ Делчево, на симболичен начин укажаа за неспособноста на Горан Трајковски за справување со последиците од овој мал февруарски снег кој предизвика повеќе проблеми низ градот.

Притоа подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ја упатија сл. реакција по тој повод:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Сообраќајот по делчевските улици се одвива отежнато поради снежната покривка која надлежните не најдоа време да ја отстранат.
Затоа Унијата на млади сили, како одговорна младина, реши да го расчисти барем патот до фотелјата на господинот градоначалник.
Господине Трајковски, патот до топлата канцеларија ви е прооден, за друго не мора да се грижите. Ќе се снајдат делчевчани сами како и секогаш.

#КогаНемаКојМораУМС

#УМСнаПотег”

Фејсбук статус на УМС НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕЕВО

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace