Во одговор на прес конференцијата на потпретседателката на СДСМ Кристина Костова од ВМРО-ДПМНЕ го разобличија лицемерието и двојните стандарди во редовите на опозициската партија.
” СДС изгледа не може да се помири со тоа што почнаа да се средуваат институционалните рушевини кои тие ги оставија по седумгодишното владеење.
Наместо да им е мило што во државата почнаа да се средуваат работите и што институциите почнаа да функционираат, на СДС и тоа не им чини.
СДС не се навикнати во државата да постои ред и поредок, да има институции со образовани и професионални кадри.
СДС се навикнати институциите да се полнат со партиски кадри избрани и предложени лично од нив.
Тоа и нивниот начин на функционирање. Сите се сеќаваме на нивниот партиски кадар, тогаш пратеник во македонското Собрание, кој на собир со граѓани, членската книшка на СДС ја изедначуваше со лична карта.
Исто така, јавноста добро памети дека на официјалните Фејсбук страници на општински организации се повикуваа граѓаните кои аплицирале на конкурс за вработување во одбрана, прво да се јават кај претседателот на општинската организација.
Тоа е начинот на функционирање на СДС, каде за обично работно место на граѓаните им бараат да извадат нивна членска книшка и прво да се јават во партија.
Затоа сега им смета и се бунат против професионализацијата на институциите, каде при вработување ќе се вреднува знаењето, образованието и професионалноста на кадрите, која ќе доведе до ефикасен јавен сектор,”
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесена кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
Мицкоски: Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор
Костова: Фемицидот е пораз на институциите – бараме кривична одговорност за сите што не постапиле