Денеска во градскиот парк во центарот на Делчево Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски имаше пријатна и конструктивна средба со повеќе граѓани на делчево. Во рамки на својата посета тој се сретна и со актуелниот Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Делчево Иван Гоцевски со кого поразговара за повеќе прашања од интерес на двајцата соговорници во делот на социјалната политика, демографијата и младите.
Заедно се сретнаа со група на пензионери со кои што поразговараа за актуелните состојби во Делчево.
“Денес ја имавме привилегијата да ги слушнеме нашите драги пензионери – луѓето кои со својата пожртвуваност, мудрост и безрезервна љубов оставија трајна трага во нашето општество.
Посетата беше исполнета со насмевки, топли прегратки и многу емоции. Заедно споделивме зборови, спомени и тишини што зборуваат повеќе од илјада реченици. Овие средби се потсетник дека токму тие, нашите пензионери, се живи споменици на една посветеност што не избледува.
Во нивните очи видовме историја, но и надеж. Во нивните зборови – мудрост. А во нивните срца – бескрајна љубов за генерациите што доаѓаат.
Им благодариме за убавиот прием, за искрените разговори и за сеќавањата што великодушно ги споделија со нас. Нивното присуство е потсетник дека времето не ја намалува вредноста на човекот – туку ја збогатува.
Оваа посета не беше само гест – беше чест, потреба и должност. Ќе продолжиме да градиме мостови помеѓу генерациите, затоа што ниту еден живот не треба да биде заборавен, особено не оние кои дале се од себе за сите нас.
#ЗаТвојатаИднина
#ТвоетоМесто
#ВистинскиотИзбор“
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски во врска со оваа средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена
„Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ во Кочани
Осум награди за ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари на 23. Меѓународен детски етнофестивал „Децата од Балканот“ во Хасково, Бугарија