БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Владата и премиерот Ковачевски остануваат посветени на заштитата на животниот стандард на сите граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес-конференција на СДСМ, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска најави зголемување на пензиите на пензионерите покрај законските норми за усогласување на пензиите со животните трошоци, дополнително со ново зголемување на износот на пензиите

“Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Растот на пензиите ќе продолжи и оваа година. Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите.

Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните.

Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите.

Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време.

Дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат повеќе пари кај граѓаните и зајакнување на нивниот економски стандард.

Покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата.”

-соопшти денеска за јавноста Богданка Кузеска- портпарол на СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace