БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА, обвинува Невенка Стаменковска Стојковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителната заменик министерка за администрација и информатичко општестве Невенка Стаменковска Стојковски објави повеќе информации во јавноста кои се однесуваат повторно по којзнае кој пат за бруталната партизација на администрацијата, сега во услови на прогласена Вонредна состојба во Република Македонија.

Во продолжение во целост интегрално го пренесуваме нејзиното соопштение до јавноста:

“Почитувани сограѓани,
Почитувани медиуми,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА

Во време кога целиот свет се бори против КОВИД19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија – епидемија на партиските вработувања на СДС во администрацијата. Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра. Ова однесување е недозволиво и срамно, спротивно на закон, спротивно на моралните норми и нечовечно.

Почитувани граѓани, во ова време трошењето буџетски средства за вработувања, не значи ништо друго туку одземање пари од здравството.
Македонија нема недостаток на вработени во јавната адиминистрација, туку има недостаток на заштитна опрема за докторите и медицинските сестри. Македонија нема недостаток од партиски војници во јавната администрација, туку има недостаток на медицинска апаратура и тестови во јавните здравствени установи.

Како дополнителен заменик министер, барам веднаш да запрат сите постапки и да се прекине со оваа епидемија на привремени вработувања во јавниот сектор. Барам Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Македонија веднаш да постапат и да го заштитат заедничкиот интерес.

Приоритет мора да биде здравјето и животот на граѓаните.

Со почит,
Невенка Стаменковски Стојковски
Дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace