БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се јавија и “Комити- Скопје” за инцидентот во МНТ со “Шверцерите”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По успешната соработка и партнерство помеѓу Министерството за Култура при Владата на Окупирана Македонија, и навивачите на Шкендија – “балистите”, кое резултираше со владина финансиска поддршка и изработка на рекламен спот за придонесот во спортот и Културниот развој на Македонија од страна на “балистите”, сведоци сме на уште еден пример на уште една успешна соработка помеѓу Министерството за Култура при владата на Окупирана Македонија и навивачите на Слога – “шверцерите”.

Заеднички именител на сите без исклучок гореспоменати субјекти е нивниот Анти-Македонскиот карактер.

Пораката која се испраќа до младината која живее во Окупирана Македонија е – Бидете против својот род и нашата поддршка како морална така и финансиска преку алоцирање на средствата собрани од сите даночни обврзници е загарантирана.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Некогаш беше Македонски Народен Театар, сега не знаеме што е, но судејќи по она што се случува е се освен тоа.
Не пишуваме затоа што сме погодени од овие перверзии, веќе не сме, веќе и не очекуваме ништо друго од оние кои се колаборанти и вазали на окупаторот, од оние кои од некогаш барем навидум Суверена држава, направија банана република и протекторат кој служи за потсмев во меѓународните дипломатски кругови.

Ние за 8-ми Декември имаме најавено прослава на неколку Јубилеи (20 години Лојал Фанс, 10 Години Братство Комити & Војводи, 5 години Комити Маџари), па би сакале да прашаме јавно, како може да ја изнајмиме истата просторија за прослава на Јубилеите?

Иако театарот е сега под привремена управа на окупаторот и го нема предзнакот Македонски, сепак за нас има емотивна и историска вредност, и ќе внимаваме на ентериерот и се она што е внатре и претставува Македонска Историја, Култура и Уметност како да се наши, во нашиот дом.

Слобода или Смрт за Македонија !

Комити Запад

-интегрално превземено соопштение на навивачката група Комити- Скопје од социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот