БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ОО СДСМ Свети Николе започна со делење Отчет, за сработеното од актуелната власт кој што од ВМРО-ДПМНЕ го дополнуваат со нивни дообјаснувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Свети Николе во свое соопштение упатија предупредување до граѓаните во врска со актуелната акција на ОО СДСМ од оваа општина, за делење на т.н. Отчет за сработеното односно несработеното од актуелната власт за граѓаните на Свети Николе.

Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение:

“Почитувани Светиниколчани !!!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од денеска тимови од партиски војници, нововработени и други активисти на СДСМ (нормално и бивши но просветлени некогашни вмровци) почнуваат да “тропаат” на Вашите врати и да ви даваат отчет за тоа што е “сработено” односно несработено во изминатите години.

На централно ниво :
-Насилно поставен Претседател на Собранието на РМ
-Незаконски избор на влада
-Тиранска платформа и двојазичност
-Преспанскиот договор
-И покрај неуспешниот референдум насилна промена на УСТАВ и ИМЕ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
-Продавање на историјата,идентитет и јазикот
-штетен Договор со Бугарија
-“Влез на Македонија во ЕУ”
-Губење на јазик историја и идентитет
-“Ефикасно и европско судство”
-Наместени тендери
– Давање илјадници евра од Фондот за Иновации на партиски луѓе
-Случајот РЕКЕТ и СЈО
-“500 евра плата”
-“36 денари покачени пензии”
-Превработување во јавната администрација
-Заплашувања и Политички прогон на неистомислениците
-Намалени субвенции и нередовна и селективна исплата на истата
-Немањето вода за наводнување цели лета
-и многу други “проекти”

На локално ниво:
-“Гасификација,изградба на градинки, спортски сали,пензионерски домови, канализации, патишта, улици,базени, пешачки и велосипедски патеки , мостови, стопирање на Депонијата,замена на азбестните цевки “и што ли уште не.

Но на Вас ви е јасно а и треба на нив да им се каже дека што вика една стара поговорка “ЏАБЕ ИМ Е ПАТОТ”.
Обновата на Македонија е веќе започната.
На 12.04.2020 година на ден Цветници граѓаните на Свети Николе ќе им го кажат својот последен збор,а тоа е зборот ЗБОГУМ СДСМ.
На 12 април ќе дојде нова,народна, одговорна и способна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја одведе Република Македонија кон посветла и просперитетна иднина.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace