БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се кренаа оризопроизводителите на протест против лошите политики на владата кои се одразуваат негативно на нивното производство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Оризопроизводителите од Кочани и Чешиново-Облешево незадоволни од лошите аграрни политики на владата кои што се одразуваат негативно врз нивното производство со блокада на регионалниот пат Штип Кочани гои изразија својот револт во јавноста. Овие земјоделци на кои што им се заканува уништување на нивните дејности денеска повторно излегоа на протест каде што ги афирмираа своите барања до Владата. Рекоа дека на тој начин го изразуваат незадоволството од бавното решавање на состојбите во оризопроизводството и од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз.

Овие луѓе бараат итна исплата на субвенциите и договор за откупните цени.

– Неопходен е итен ангажман од страна на Министерството за земјоделство. Прво да се исплатат редовните субвенциите за оризот до крајот на октомври, а потоа да се одржи заеднички состанок меѓу преставници од Владата и земјоделците за да се утврдат прифатливи откупни цени што не би биле пониски од 25 денари за килограм арпа. Кон ова упатуваат и состојбите и движењето на цените на оризот на берзите во Италија. Можеби дел од откупувачите се соочуваат со залихи од минатата година и затоа овде е потребна реакција од Владата со евентуален откуп за стокови резерви. Имаме и десетина други барања, за кои треба да се разговара, но ние сега го споменуваме она што сега е најбитно за земјоделците, истакна Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Земјоделците се заканија со радикализирање на протестите и целосно блокирање на магистралниот пат ако надлежните не покажат подготвеност за исполнување на барањата. Добиле поддршка и од други земјоделски здруженија во државата, со најава за генерален штрајк на пошироко ниво.

-Сега сме во лоша финансиска состојба и не можеме да ги платиме трошоците за жетвата на оризот што веќе е почната. Не се ожнеани ниту пет отсто од површините, а дождот и лошите временски услови ќе ги пролонгираат активностите уште за најмалку десетина дена, така што и снег може да нè фати. Никој не сака да жнее без пари, а сопствениците на комбајни бараат да им се плати за услугата на рака, уште на нивата. Доаѓаме во ситуација тоа што сме го заработиле во минатите неколку години, сега да го потрошиме за да ги покриеме трошоците, па ќе нема од што да преживееме,

соопшти во изјава за медиумите Аце Гацов, земјоделец од селото Жиганци.

Додека траеше протестот и блокадата, сообраќајот се одвиваше по едната коловозна лента на магистралниот пат, а полициските службеници наизменично ги пропуштаа возилата од двата правца.

Во знак на поддршка на барањата на овие земјоделци на лице место на протестот присуствуваше Цветан Трипуновски заедно со пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace