Започна оградувањето на стадионот Кежовица во Ново Село. Стадионот досега беше со руинирана ограда, па на теренот можеше да влезе кој ќе стигне, што го правеше невозможно одржувањето на квалитетот на теренот за играње фудбалски натпревари.
Со оградувањето на ова игралиште ќе направиме доста за фудбалскиот клуб Кежовица, кој се натпреварува во Третата фудбалска лига. Ги завршивме игралиштата во Македонка и Насеље. Од денеска започуваат подготовките за уредувањето и оградувањето на фудбалското игралиште во Три Чешми и ќе ни останат уште два фудбалски терени кои ќе треба да бидат оградени, едното е во населбата Стар Караорман, а второто е во населбата Балканска, кое веќе е заградено, но ќе го направиме да биде по сите стандарди, изјави Илчо Захариев, градоначалник на о. Штип.
Освен ограда, теренот на Кежовица во иднина ќе добие и трибини.

Овде на овој спортски терен планираме изградба и на трибина, бидејќи конфигурацијата на теренот тоа го дозволува, така да се надевам дека наскоро ќе имаме еден модерен стадион, кој ќе биде во функција на сите оние кои сакаат да рекреираат, да спортуваат, но и на самиот фудбалски клуб Кежовица. Општина Штип за овие 4 години заврши 20 нови спортски терени, но истовремено направи, реконструира и обнови околу 37 игралишта, заклучи Илчо Захариев, градоначалник на о. Штип.
Претходната недела ЈП Стипион започна со поставување на анкирните плочи, додека изведувач на оградувањето е привнатна компанија.
Инаку, оградата е во должина од 300 метри, додека трибината ќе биде подигната од северната страна на стадионот, затоа што конфигурацијата на земјиштето го овозможува тоа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија