Во емисијата “Што не е јасно” на ТВ АЛФА Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе редица на шокантни информации и обвинувања кон актуелните власти во Минитерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за постоење на развиени систем на организирано разграбување на граѓаните на Македонија преку разно разни методи спроведувани од надлежни функционери во власта.
Станува збор за операции кои што поединци во власта ги спроведуваат на штета на граѓаните на Република Макдонија преку испумпување на големи финансиски сретства за купување на скапo жито од странство, додека домашното производство мака мачи со пласманот на произведеното жито. Исто така во емисијата Трипуновски алармираше за немилосрдната сеча на огромни шумски фондови во пијанечко-малешевскиот крај од страна на фирми блиски до власта по багателни цени додека граѓаните мака мачат со обезбедувањето на огревно дрво за презимување на претстојната зима. Во емисијата беше спомнато и мистериозно исчезнување на голема количина на жито од стоковите резерви кое што се отпишува со само една одлука на влада без никој за тоа да понесе било каква одговорност.
Ваквите насоки на делување на поедини функционери од власта и покренати прашања од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пресериозни и високо алармантни за да останат неодговорени од страна на надлежните институции.
За ваквите во најмала рака сомнителни активности Цветан Трипуновски најави одговорност за сите инволвирани откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта во државата.
Целата емисија со сите аргументи изнесени во прилог на обвинувањата од страна на гостинот во студиото може да ја погледнете вво видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип