БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сеземјоделскиот протест ќе се одржи на 12 јули и покрај сите обиди за манипулации на власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако по кој знае кој пат актуелните власти се обидоа да го разводенат земјоделскиот гнев и незадоволство од неисплатените субвенции предвидено согласно законот, со свои изјави дека само што не биле исплатени субвенциите, организаторите на сеземјоделскиот протест сепак соопштија дека протестот е уредно закажан во МВР и истиот ќе се одржи согласно претходно предвидената динамика.

На 12 јули земјоделците од сите земјоделски гранки од целата држава ќе протестираат на генерален предупредувачки протест во Прилеп според точно дефинирана протестна маршрута.

Протестот ќе започне во 10 часот претпладне на зборното место кај кружниот тек пред хотел Липа по што незадоволните земјоделци ќе се движат по булеварот Гоце Делчев, споменикот Карпалак и ќе заврши пред зградата на општина Прилеп.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На протестот револтираните земјоделци од лагите на актуелните власти може да земат учество како пешаци, со автомобили или со земјоделска механизација.

Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на протестот:

“Почитувани земјоделци,

Сеземјоделскиот протест кој ќе се одржи на ден 12-07-2021година во Прилеп, денес е уредно пријавен во полициска станица. Протестот ќе започне во 10 часот од кружниот ток пред хотел Липа со рута на движење по булеварот Гоце Делчев, кружен тек, споменик Карпалак и завршува пред новата општинска зграда.

Присуството може да биде како пешаци, со автомобили и со земјоделска механизација.

Ве повикуваме сите земјоделци од сите Земјоделски гранки од сите села и градови без разлика на верска,партиска и национална определба да присуствувате на овој протест на кој заеднички ќе го изразиме револтот од игнорантскиот однос на институциите кон нас земјоделците.

ИДИНАТА НА ТВОИТЕ ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!!! ИЗЛЕЗИ!!!

Со почит.”

-стои во соопштението на организаторите на сеземјоделскиот генерален предупредувачки протест.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace