Компанијата „Шате Керамика“ одбележа 31 година постоење со ексклузивен настан кој се одржа во просториите на компанијата, спојувајќи уметност, бизнис и семејна традиција. Настанот беше посветен на повеќе од три децении визија, иновации и континуирано градење на простори што оставаат трага.
Од мала семејна приказна, компанијата денес прерасна во еден од препознатливите лидери во индустријата за ентериер и керамика, со јасно изграден идентитет базиран на квалитет, доверба и долгорочни партнерства.
Во поздравниот говор беше истакнато дека клучот на долгорочниот успех лежи во конзистентноста на вредностите.
„Растевме, се менувавме и се прилагодувавме низ годините, но никогаш не ги променивме нашите основни принципи – фер цени, квалитетна услуга и квалитетни производи за нашите потрошувачи“, беше порачано пред присутните.
Свеченоста понуди внимателно осмислена програма која ја истакна креативната и иновативната страна на брендот. Посебен впечаток остави уметничкиот перформанс на уметникот Ковски, кој преку „жива уметност“ на модели ја пренесе текстурата на мермерот, симболизирајќи ја мисијата на компанијата – претворање на суровата материја во уметност што трае.
Како дел од настанот беше прикажана и ретроспективната видео-приказна „31 години Шате“, која ги сумираше најважните моменти од развојот на компанијата низ генерациите на семејството, нагласувајќи ја еволуцијата и континуитетот на брендот.
Во фокус беше и иднината на компанијата, при што менаџментот во состав Билјана Гочевска, Фросина Додевска и Александар Гочевски ги претстави стратешките насоки за понатамошен развој, со акцент на иновации, проширување на меѓународните пазари и модернизација на продажниот пристап.
Во рамки на настанот беа доделени благодарници на најлојалните соработници, вработени и стратешки партнери – домашни и странски брендови, како признание за нивната долгорочна поддршка и доверба, кои се темел на растот на компанијата.
Гостите имаа можност да уживаат во уникатно „времеплов“ искуство низ историјата на компанијата, надополнето со live cooking концепт со шпански и италијански корнер, signature коктели и музичка програма со Пламенка, Ивона Јо и ConturDJ, што создаде современа, енергична и свечена атмосфера.
Со ова одбележување, „Шате Керамика“ уште еднаш ја потврди својата позиција како бренд кој континуирано се развива, иновира и гради долгорочни односи, останувајќи верен на својата мисија – создавање квалитетни и естетски простори што траат.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист