БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На летната сцена во Делчево со егзирцир на Гардата започнува централната прослава на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание. Во рамките на вечерниот музички дел, свој концерт ќе има и Воениот оркестар и македонскиот бренд „Танец“. Настанот започнува во 20 часот.

Музичкиот дел е еден сегмент од настаните кои изминатиов месец се организираа под мотото „150 години Разловечко востание: Искра за вечна слобода на македонскиот народ“ во кој со свои активности се вклучија сите локални институции: ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, образовните институции и, секако, Општина Делчево која е организатор на настаните.

Денешниов ден е резервиран за неколку важни настани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од 14 ч. на летната сцена ќе се одржи Локален базар, каде на 10-ина штандови ќе се промовираат рачни изработки и индивидуални производи кои се бренд на Делчево, додека во салата од Спомен-домот АСНОМ со почеток од 17.00ч ќе се одржи промоција на поштенската марка којашто Македонски пошти ја издадоа по повод големиот јубилеј, по што следува научната трибина на која свои трудови ќе проф д‑р Ванчо Георгиев од Филозофскиот факултет, д‑р Мирјана Нинчовска од Музеј на Македонија, проф. д-р Никола Минов и пензионираниот професор по историја од делчевската гимназија Митко Антовски.

Централната прослава ќе се одржи во Разловци на 19 мај со почеток од 11.00ч. Разловци ќе биде домаќин на високи претставници од државата, од најразлични институции, уметници, гости од Општината, но и на сите добронамерници. Сите кои ќе го посетат востаничкото Разловци ќе бидат дел од свеченоста за да ја почувствуваат магијата на времето и да бидат сведоци на историјата и современоста, на спомените кои ја испреплетуваат индивидуалната жртва и колективната слобода, но и да го осетат спојот на локалното Разловци со националното значење

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace