БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пушка од семејството на Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски заедно со уште многу видови оружје кое се користело и во Разловечкото и во Кресненското востание, како и оружје кое, главно, го поседувал турскиот аскер старо, околу 3 века, е дел од приватната колекција на старо оружје Ванчо Габер и Благој Механиџиски од Берово. Ова оружје беше денеска изложено во рамките на локалниот базар организиран од Општина Делчево, како дел од чествувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание.

На Локалниот базар, Делчево денеска понуди дел од својата трдиција, култура и уникатност.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека на историските настани од предилинденскиот период, со овој базар се додава уште еден квалитет, а тоа е традицијата и културата на нашиот народ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Тоа е нашата традиција која и покрај современието и развојот на технологијата, вредните раце на домаќинките и на занаетчиите, љубоморно ја чуваат таа нишка која е цврсто врзана за нашите корени и идентитет, продолжувајќи ја традицијата. Улогата на една одговорна општина е токму таа, да создава услови, да ги анимира производителите и да отвора можности за промоција на локалните производи. Овој локален базар е празник на традицијата, креативноста и локалниот дух, порача Гоцевски.

Тој нагласи и дека е посебно импресивно вклучувањето на локалниот базар на младите со своите креации- одговорните млади се тука да ја промовираат и чуваат традицијата која се пренесувала од колено на колено, од генерација на генерација-истакна Гоцевски.

На летната сцена настапија фолклорните брендови од Делчево кои ја презентираа фолклорната традиција на Пијанец и Македонија: ФГ „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“ и играорците од ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Настаните по повод јубилејот 150 години од Разловечкото востание продолжуваат денеска во 17.00 ч со промоција на поштенската марка издадена од Македонски пошти по повод јубилејот и научна трибина. Вечерниот концерт започнува во 20.00ч каде ќе настапат „Танец“ и Воениот оркестар на АРМ. Централната прослава ќе се одрижи утре во с. Разловци со почеток во 11.00ч.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace