БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шилегов го предложил, Ковачевски го гласал името на Адем Демачи за преименување на улицата “II Македонска Бригада”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на град Скопје Шилегов во неговиот мандат го предложил а Димитар Ковачевски го гласал името на Адем Демачи за преименување на улицата “II Македонска Бригада” на владина седница во претходниот состав на Владата на Зоран Заев. Овие двајцва функционери на СДСМ биле во таа позиција како резултат на гласовите кои што Шилегов ги добил на локалните избори во 2017 година како и гласовите кои ги добил СДСМ т.е. Зоран Заев на изборите во 2020 година. Народот чија што доверба ја добиле овие функционери на СДСМ на овие избори во доминантна мера не гласал за ова преименување, но на функционерите на СДСМ водејки се од нивните антимакедонски политики не им било важно интересите и барањата на народот кој го претставуваат.

Во Март 2021 година владата со гласање на владина седница на која присуствувал и гласал Ковачевски ја усвоила листата на имиња во кои што се наоѓало и името на косовскиот националист Адем Демачи.

Ова е тема на денешата прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски чиј што текст го пренесуваме во целост во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Уште еден срамен чин се одвива во Македонија, во којшто државниот врв се крие и критикува за сопствените одлуки!

Почитувани, 

Ова се делови од записници на владини седници од март 2021 година, кога во очи на локални избори, владата на СДС дава мислење на Шилегов и Скопје повторно водени од СДС за преименување на улици, мостови и објекти!

Ова се записниците за 50-тата и 51-вата седница каде што во отсуство на министер за финансии како што е наведено тука присутен е и гласа и Димитар Ковачевски во функција на заменик министер! Еве ја и 51-вата седница, записникот каде што е наведено името на заменик министерот тогаш Димитар Ковачевски, а сега премиер. Преименувањето на улиците, односно мислење од Владата за преименувањето на улиците на овие две седници се 9-та и 105-та точка. Еве ја одлуката како точка 9, каде што вели дека Владата ја разгледа предлог листатата за дополнување на листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и условно даде согласност на листата итн. итн. 

Еве ја и точка 105-та Владата го разгледа новиот текст на предлог листата за дополнување на листата на имиња на улици и даде согласност на листата. 

Почитувани, 

Ова е листата на имињата со одлука на Шилегов и СДС кои што го водеа Советот на Град Скопје и како советници од СДС и ДУИ ја прифаќаат предлог листата на Шилегов во март 2021 година. Ова е информација на сајтот на Град Скопје, каде што стои избор на нови имиња кои што ќе бидат содржани во предлогот. Фактички го најавува предлогот на градоначалникот Шилегов и Советот, земени се в предвид етничките, културните и социјалните специфики и ова не случајно го читам и вели во таа насока во редот на нови имиња на улици ќе се најдат и „Беким Фехмију“, „Ибрахим Ругова“, „Адем Демачи“ и „Мајка Тереза“. И ова е листингот со промената на имиња од 2021 година, каде што како 142 предлог кој што поминува, а е промена на „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“!

Значи, јасно стои промената на името „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“!

И оттука почитувани, Владата на СДС со Заев, со гласање на Ковачевски, а на предлог на Шилегов, во 2021 го менува името на „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“!

Денес под притисок на јавноста, истиот Ковачевски којшто гласа за промена на „Втора македонска“ во „Адем Демачи“, бара во Чаир ако сакале улица со такво име да си изградиле!? А, ова стои во нивното соопштение од Кабинетот на Димитар Ковачевски.

Е па, почитувани, Ковачевски да каже дали денес се срами што гласал за „Адем Демачи“ наместо за „Втора македонска“, па сега се крие и манипулира, бара Чаир да си изградил улица ако сакале да го носи името на „Адем Демачи“?

Почитувани,

Не постои срам и понижување на Македонија зад кое што не стои потписот на СДС!

И не постои таков зафат без притоа СДС со лаги и криење да се обиде да избега од одговорност!

Таков документ или зафат едноставно не постои!”

-рече портпаролот Стоилковски од партиската говорница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace