Градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стевковски денеска во јавноста објави информација за постапување на вработените во Секторот за инспекциски надзор во однос на диво градилиште на земјиште во сопственост ан Република Македонија.
“НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДИВОГРАДБИ ВО ГАЗИ БАБА!
КОМПРОМИС СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ НЕМА!
УРБАНАТА МАФИЈА НЕКА БАРА МЕСТО НАДВОР ОД ГАЗИ БАБА!
Утрово во организирана акција, Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба заедно со преставници од Министерството за внатрешни работи го затвори градилиштето во населеното место Инџиково.
На земјиште сопственост на Република Македонија изминатиот период е започната изградба на објект без соодветна документација.
Согласно утврдените законски процедури, незаконски изградениот објект ќе биде отстранет и на тоа место општина Гази Баба ќе изгради детска градинка за жителите од Инџиково.
Од првиот ден на мојот мандат за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека компромис со спроведувањето на законот нема никогаш да правам.
Изградба на дивоградби нема да дозволам!
За градежната мафија место во општина Гази Баба нема!”
-напиша на фејсбук Градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стевковски.
Од ваквите постапки на градоначалникот Стевковски многу други градоначалници може да учат многу!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија