БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штип блокиран од луксузни автомобили на Владата. Штипјани порачаа: Никогаш “с”

Пренеси го гласот

Денешниот ден во Штип беше ден на своевидна ревија на луксузни службени автомобили на владата во која премиер е Оливер Спасовски. Политичката елита во Владата на Оливер Спасовски со интенција да демонстрира моќ и добросостојба помеѓу граѓаните на Штип организираше владина седница во овој центар на Брегалничкиот регион.

Додека функционерите на власта пристигнуваа во општинската зграда, група штипјани со транспаренти протестираа од другата страна на реката спречени од полицијата да се приближат кон општинската зграда.

На транспарентите можеа да се прочитаат повеќе пораки на штипјани упатени кон функционерите на власта но и кон целокупната македонска и светска јавност:

Координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов по повод овој настан упати своја порака во јавноста која ја пренесуваме во целост:

“Дојде време оваа власт да си оди!

Додека градот е блокиран од луксузни владини возила, правејќи си скапи популистички агенди, младите од Штип со транспаренти ги пречекаа министрите и им испратија недвосмислени пораки…

Ова е сигнал дека младите ја земаат иднината во свои раце и ќе стават крај на економското и национално цунами кое и’ се случи на Македонија!

Браво Унија на млади сили!”

https://www.facebook.com/1786008074782827/posts/2936491776401112/

Креирано од:


Пренеси го гласот