На 20-ти јануари во спортската сала ОУ ,,Никола Карев”- Кочани се одржа спортски настан кој ги плени вниманието и љубопитноста на голем број учесници и посетители.
Во понеделникот во Кочани се реализираше стручен испит за полагање на носители на боречки појаси во боречката вештина Реално Аикидо.

Оваа боречка вештина е се поатрактивна помеѓу младите во Кочани за што говорат и бројките на млади деца и младинци кои ги посетуваат часовите по Реално аикидо во реализација три боречки клубови кои работат и егзистираат во срцето на Брегалничкиот регион.
На испитот полагаа шеесетина ученици од трите клуба кои функционираат на територијата на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Под будното око на М-р Николчо Гоцев, КРА,, Нико” и тренер-мајсторите Кирил Апостолов, Оливер Серафимов, Гоце Марков, Кире Јованов, Станче Минов и Љупка Јорданова беа постигнати одлични резултати со оваа генерација на љубители и практикувачи на оваа дисциплина која зема се поголем замав во Кочани и блиските населени места и градови.

Комисијата за оценка на полагачите била во состав:
Ѓуро Илиќ-претседател на Реaл Аикидо федерацијата 7-ми Дан и
Јордан Христовски од КРА,, Кеико”-Скопје 4тти Дан
Поради големата конкуренција комисијата одлучи освен дипломите и појасите, да ги наградат и најдобрите Андреа Димитрова и Михаил __________.
Самоконтролата, правилниот физички раст и развој и силните моторички способности кои ги развива ја прават бр. 1 на избор за децата во светот и кај нас.
Искрено на овие млади борци им посакуваме да продолжат со истото темпо со уште поголеми резултати.
Фото: Ивона Вареловска





















СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг