Луѓето сакаат обични нешта. Топлина, нежност, поглед без зборови, црвенило на образите…
Сакаат небо без облаци, ноќи исполнети со ѕвезди, сакаат кроток ветер во вратот покрај лицето, сакаат воздишки посветени на нив…. Размислуваат за дива и нескротлива љубов, за слатки тајни кои само тие си ги разбираат…. Мечтаат за богато и раскошно есенско руменило, пред налетот на здивот на скаменетата белина, која иако што туку дојдена, посакуваат да ја снема.
А штом црвенилото од истокот го претопи синилото на пладневниот спокој, изроден од мртвилото на премрзнатите образи, тивок завет почнува да се раѓа за живоста на моментите што следуваат. И таму некаде прегрнати во заедничкиот спомен од едноставноста на сопствениот избор, посакуваме сепак нешто повеќе.
Зошто штета е да не се биде обичен.
Обичен и облечен…
Со топлината на небесната бесконечност која свети како тежок камен на потсвеста… И таму некаде во темнината на спокојот, да остане запишано…
Луѓето сакаат обични нешта!
И сакаат да не сонуваат за сето ова погоре.
И сакаат животот да не им помине само во сон….


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст