БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што се случува со студентите на УГД!?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Што се случува со бројот на студентите запишани на втор циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е прашањето кое си го поставуваат упатените во професорската фела.

Имено, УГД на втор циклус на студии на 13 факултети според распишаниот конкурс примаше 1584 студенти а запиша само 90.

Забележително од објавените резултати за запишаните кандидати дека на некои факултети и насоки нема запишано ниту еден студент. Па се погласно се поставува прашањето дали веќе опаѓа мотивот за учење и напредување кај новите генерации или пак понудените насоки и студиски прогами не се доволно атрактивни за новите потенцијални студенти. Во изминатите години посебно во почетоците на своето постоење не беше редок случај кога се бараше место повеќе на одредени насоки на некои факултети, па бевме сведоци дека на одредени насоки се запишуваа и по 200 студенти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Што навистина се случува допрва останува да анализираат надлежните во оваа област, меѓутоа едно е сигурно дека малиот број на запишани студенти ќе значи дека одредени професори ќе останат без наставни часови бидејќи нема на кој да предаваат, а тоа секако по себе ќе повлече и финансиски импликации како за професорите така и за самиот Универзитет.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace