БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што се случува со влијателноста и кредибилноста на функционерите на СДСМ во регионот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Новогодишното обраќање на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Сашко Ивановски е најгледаното и највлијателно видео во последните 24 часови на фејсбук страната на порталот Делчево365.мк.

Видео обраќањето на Сашко Ивановски од опозициската партија по број на прегледи води со над 1000 прегледи во споредба со видео обраќањата на Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменковска и градоначалникот на Берово Ѕвонко Пекевски, заедно.

Така видеото на Претседателот на ОК НА ВМРО-ДПМНЕ Делчево има 3300 прегледи наспроти 2279 прегледи на видеата на Горан, Соња и Ѕвонко заедно.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Новогодишното видео обраќање на лидерот на владеачката СДСМ во Делчево чие што видео брои околу 1900 прегледи исто така се наоѓа позади гледаноста и влијанието на претседателот Ивановски.

Ваквото зголемено ниво на интерес на јавноста за она што има да го каже новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево веројатно се должи на празната реторика која што претставниците на владеачката СДСМ во регионот ја практикуваат во изминатиот период, при што граѓаните не живеат подобро, туку напротив тонат се подлабоко во проблеми и сиромаштија.

Оттука вртењето на фокусот на јавноста кон претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од разбирливо, за создавање на нови перспективи за иднината на овој народ.

Креирано од:


Пренеси го гласот